Поразот од Македонија му пресуди: Фернандо Гурих си заминува од клупата на Словачка!

Двомечот со Македонија во баражот за Светското првенство 2027 ќе остане последен за Фернандо Гурич на клупата на словачката машка репрезентација. По елиминацијата од нашиот национален тим, во Словачка веќе е извесно дека договорот на шпанскиот стручњак, кој формално важи до 30 јуни 2026 година, нема да биде продолжен и со тоа завршува неговата четиригодишна приказна со репрезентацијата.

Македонија ја доби Словачка во двата натпревари од баражот и на убедлив начин го завери пласманот на мундијалот. По победата на гости од 31-24, избраниците на Македонија во реваншот пред домашната публика славеа со 38-23, за вкупни 69-47 и убедливо место на СП 2027.

Гурич ја презеде Словачка во јули 2022 година, кога беше назначен како нов селектор со цел да започне подолгорочен процес и постепено да ја подигне репрезентацијата по неуспешните квалификациски циклуси. Во неговиот мандат, Словачка имаше периоди на напредок, но резултатски континуитет недостасуваше, а најголемиот удар беше токму неуспешниот обид за пласман на Светското првенство преку баражот со Македонија.

Во следниот период се очекува Словачката ракометна федерација да излезе со официјална информација за наследникот на Гурич, како и за насоката во која ќе се движи репрезентацијата во новиот циклус. За Македонија, пак, двомечот беше уште една потврда на квалитетот и со две убедливи победи го отвори патот кон Германија 2027.

___________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________