Машката репрезентација на Македонија веќе со „две нозе“ е на Мундијалот во Германија, откако по првиот дел води против Словачка со 18-11.
По седум минути веќе беше 5-1, Томовски запре два удари на противничките ракометари и им даде до знаење дека и овде ги очекува висок пораз, како и на првиот меч што заврши со 31-24 во наша корист во Прешов.
По петнаесетина минути Македонија водеше со 10-3, селекторот Лазаров ги користеше сите „оружја“, па кормиларот на Словачка мораше да бара тајм-аут и да ги смири своите избраници.
Отидовме и на плус седум, 13-6, но Бриатка даде два брзи гола од контри за 13-8. Серијата на Словачка ја прекина капитенот Кузмановски со голот за 14-8. До паузата одигравме рутински и јасно беше дека Македонија ќе игра на СП 2027.

























