Селекцијата на Србија по четири години пауза и настапот на СП 2023 се враќа на Мундијалите октако загуби само минимално на гостувањето кај Унгарија со 31-30.
Србите при оваа негативаа, имаа два напади што не ги реализира, откако на два пати Борзаш не беше прецизен, па останаа триесетина секунди за домаќинот да организира напад за плус два, кој можеше да го однесе мечот во пенал-рулет.
Сепак по тајм-аутот на Чема Родригез, неговите момци не успеаја да организираат добар напад и радоста на Србија можеше да почне.
Имаа Унгарците плус три во повеќе наврати, последен пат 29-26 во финишот, но не издржаа домашните и Србија заслужено оди на СП.
Покрај Србија, на СП се пласираа и Франција која вторпат ја победи Чешка, овојпат со 36-31, потоа Словенија со втора победа над Црна Гора (31-29), како и Италија која се надмина себе, надомести негатива од три гола против Швајцарија. „Аѕурите“ славеа со 38-31 и одат на Мундијалот.

























