Левиот бек на Охрид, Стефан Петриќ, ќе биде надвор од ракометните терени во текот на следниот период.
„Гладијаторите“ веќе месец дена се без неговите услуги, а српскиот лев бек го оперираше коленото во Загреб.
Српскиот стратег Борис Ројевиќ не може да смета ниту на Вуко Борозан, па на левата бековска позиција товарот го изнесува Анте Иванковиќ со поддршка на Дејан Кукуловски.
Охрид влегува во најважниот период од сезоната, го очекува директна битка со Еурофарм Пелистер за второто место во Супер лигата, но и финалните натпревари од ЕХФ Европскио Куп против унгарската Татабања.

























