Селекцијата на Грција направи големо изненадување и ја совлада фаворизираната Холандија на гостински терен со 38-33 и се пласираше за вторпат во историјата на Светското првенство.
По 2005 година и шестото место на СП во Тунис, Грците чекаа 22 години за нов настап на Мундијал.
Триумфираа дома со 29-27, а сега вторпат ги совладаа „лалињата“ на гостински терен предводени од голманот Буковинас со десет одбрани, а во нападот доминираа Панајоту со седум и Арампацис со шест гола, додека „охриѓанецот“ Лиапис даде три погодоци.
Полска исто така се пласираше на СП 2027, откако ремизираше со Австрија, 30-30. Гостите водеа со пет гола разлика во повеќе наврати, имаа и водство 30-29, пред Шипжак да промаши пенал, но неговата грешка ја исправи Дашек со гол на пет секунди до крајот за голема радост на полските репрезентативци.
Пелистерецот Видомски беше меѓу најдобрите со четири гола, а Валах запиша четири одбрани, додека Јанковски немаше реализации. Седум погодоци за Полска даде Једрашчук, а исто толку постигна Хербургер за Австрија.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________


























