Денеска во центарот на вниманието на домашната сцена ќе биде дуелот меѓу Вардар и Куманово, кој може да реши која екипа ќе заврши на третото место во Супер женската лига.
Вардарки имаат 26 бода на четири кола до крајот, додека Куманово е на 21 бод на четвртото место. Ако слават избраничките на Даниела Новеска ќе ги расчистат сите дилеми.
Во Првата женска лига се играат два меча, кои се значајни во битката за второто место и пласман во суперлигашки бараж. Ѓорче Петров 2 е домаќин на Деспина, додека Овче Поле СУ ја пречекува Јехона. Во Првата машка лига се играат два меча, но тие немаат резултатска важност.
Салата Автокоманда ќе биде домаќин на завршниот турнир кај пионерите. Во 12:00 часот е братскиот двобој на екипите од Автокоманда, додека од 14:00 часот се игра мечот меѓу бранителот на титулата и Еурофарм Пелистер 2. Мечот за трето место и финалето се на програмата во вечерните часови.
На меѓународна сцена се играат три меча од европската зона од квалификациите за СП, a најинтересно треба да биде во Торшавн каде Фарски Острови ќе играат со Босна и Херцеговина. Домашните носат плус два од Тузла каде славеа со 24-22.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 ВАРДАР – КУМАНОВО (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)
12:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЈЕХОНА (ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА)
13:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ШАМПИОН (ПРВА МАШКА ЛИГА)
18:00 ЈЕХОНА – АЕРОДРОМ (ПРВА МАШКА ЛИГА)
19:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – ДЕСПИНА (ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА)
12:00 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС (ПИОНЕРИ Ф4)
14:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (ПИОНЕРИ Ф4)
17:30 МЕЧ ЗА ТРЕТО МЕСТО (ПИОНЕРИ Ф4)
19:30 ФИНАЛЕ (ПИОНЕРИ Ф4)
15:00 ТУРЦИЈА – НОРВЕШКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:00 ФАРСКИ ОСТРОВИ – БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:30 ИЗРАЕЛ – ШПАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)


























