Мартин Серафимов го чека почетокот на новата сезона за да почне да ги покажува одново своите играчки квалитети, и за првпат дресот што ќе го носи ќе има друга боја – зелена.
Додека ја чека промоцијата и почетокот на подготовките со Еурофарм Пелистер за новата сезона, на адресата на Серафимов стигна понуда да игра во Катар.
Екипата на Ал Араби е заинтересирана да го ангажира привремено Серафимов како позајмен играч за време на Азиската лига на шампионите што од 6 до 15 јуни ќе се игра во Кувајт. Таму ќе играа домаќинот Кувајт Клуб, Бурган, Ал Араби, Ал Духаил, Шарџа, Ал Калиџ, Ал Ноџум и еден кинески клуб.
За екипата на Ал Калиџ ќе настапува и Дмитро Горига кој исто така доби покана, и клубот го ослободи привремено во тој период.
Серафимов предизвика вистински потрес во пролетниот дел од сезоната откако не прифати да остане во Автокоманда, па додека преговараше со другите клубови, а беше и повреден стигна и раскинот на договорот. Оттогаш го нема ниту на списокот на репрезентацијата, а нема право да игра за друг клуб додека не заврши сезоната.
___________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























