Атлетик со нов договор за пивотот – Дишковска останува до 2029 година!

Тимот на Атлетик продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредните предизвици што го очекуваат клубот во елитната конкуренција.

Пикерот Наталија Дишковска стави потпис на нов договор на две сезони и ќе остане во клубот до 2028 година

Битолчанката беше дел од Хераклеја и Винда, потоа пет сезони играше за Пелистер, пред летоска да се пресели во Скопје и да ја започне приказната со Атлетик.

Атлетик се пласираше во Супер лигата, иако има уште три меча до крајот на сезоната во прволигашката конкуренција.

Претходно голманката Матеа Чурлиновска стави потпис до 2029 година, а нови тригодишни договори потпишаа и левите бекови Сара Богојеска и Анастасија Величковска, пивотот Дафина Соколовска, левото крило Моника Босилковска, десниот бек Анастасија Дамјановска, како и средниот бек Исидора Котевска.