ТРИ ЅВЕЗДИ НА 24. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 24. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 24. коло има по една ракометарка од Aстибо, Ѓорче Петров и Вардар.

За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.

Супер женска лига, 24. коло, резултати:

ПЕЛИСТЕР – АСТИБО 18-29
ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 24-35
СПАРТАК – ВАРДАР 34-37
КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА 10-0 сл.

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 24. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Марија Анчева - Астибо
56.00%
Теодора Дукоска - Ѓорче Петров
40.00%
Таида Беровиќ - Вардар
4.00%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 24. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Марија Анчева (Астибо) – Искусната ракометарка постигна 13 погодоци во триумфот над битолчанки и вторпат по ред се најде меѓу ѕвездите на колото.

Теодора Дукоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка одигра одлично во дербито против нејзиниот поранешен клуб Чаир.

Таида Беровиќ (Вардар) – Младата македонска репрезентативка беше лидер во триумфот над Спартак со кои вардарки го обезбедија третото место.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________