Вардар има предност од шест голови(18-12) по првите триесет минути игра во последниот дерби дуел оваа сезона против Еурофарм Пелистер.
Вардарци со победа ќе бидат промовирани за нов шампион на Македонија, а Еурофарм Пелистер игра за чест и за бодови кои ќе му бидат потребни во борба за вицешампионската позиција.
Вардарци рано создадоа предност од три погодоци, во натпревар со многу технички грешки и изнудени удари. Во средината на првиот дел Хенингман заработи црвен картон, а токму тој период се покажа како клучен за Вардар да го создаде водството од 5 голови.
Малус со 5 постигнати голови беше лидерот на скопскиот тим, а Валах беше солиден на голот. Кај Еурофарм Пелистер дуелот го започна Хеидарирад, но од 15 минута на голот е Никола Митревски. Радивојевиќ со 5 и Кузмановски со 4 голови ја предводат листата на стрелци за македонскиот шампион.
Остануваат уште триесет минути за пресврт или големо славје во Скопје.























