Јасухира пред дуелот со некогашниот тим: Сакам победа против Вардар

Јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира ги покажа своите квалитети и во дресот на Охрид, а мечот од финалето на Купот на Македонија против Вардар беше прв против неговиот екс клуб.

Сега средниот бек со „гладијаторите“ вторпат ќе игра против екс клубот и се надева дека овојпат ќе слават тој и соиграчите.

„Одигравме добар натпревар минатиот пат во финалето на Купот, но сепак загубивме. Се надевам на победа во следниот натпревар на домашен терен, овој натпревар е многу важен за нас и ќе дадеме се од себе“, изјави Јасухира.

Вардар е лидер на табелата со 54 бода, но и меч помалку, додека Охрид е втор со 48, а Еурофарм Пелистер трет со 46 и допрва треба да игра со „црвено-црните“.

Мечот меѓу Вардар и Охрид се игра на 9 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ од 18:00 часот.