Кукуловски: Изгинавме на терен и резултатот си дојде сам по себе

Ракометарите на Охрид успешно го одработуваат финишот на сезоната и направија голем чекор кон второто место на табелата.

Охриѓани славеа против тимот на Кирил Лазаров со 27-26, а своја улога во триумфот имаше и левиот бек Дејан Кукуловски.

„Честитки за противничката екипа, за нивната фер и коректна игра. Тежок натпревар, немавме многу време за подготовка, но го дадовме максимумот како и секогаш на сите натпревари. Имавме грешки, но сепак, го контролиравме целиот натпревар. Изгинавме на теренот и резултатот си дојде сам по себе“, изјави Кукуловски.

Охрид сега на второто место има 48 бодови, пред Еурофарм Пелистер кој има 46 но им меч помалку, оној со лидерот Вардар, кој е прв со 54 бода.