Иако првично беше планирано Вардар и Охрид поради набиената агенда да играат в недела, сепак нивниот меч ќе се одигра в сабота.
Поради ЕХФ неделата и собирот на националниот тим пред двомечот со Словачка во баражот за СП на 14 и 17 маj, колото би требало да се комплетира в сабота, а тоа значи дека Вардар ќе игра три меча со квалитетни екипи во пет дена!
Вардар ќе гостува во СРЦ „Билјанини Извори“ в сабота од 18:00 часот, а домаќинот најави дека билетите од утре ќе бидат во продажба.
„Црвено-црните“ вчера играа тежок меч со Монпелје во Лигата на Европа, утре ги чека ист таков против шампионот Еурофарм Пелистер, на кој можат да ги симнат битолчани од македонскиот трон, а в сабота ќе одат кај тим што е во налет и досега сезона ги победи сите освен Вардар.
Охрид исто така има набиена агенда – двапати играше со Целје, меѓу тие дуели играше со Бутел, а вчера гостуваше во Автокоманда и славеше против тимот на Лазаров.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























