Кој прв до 1.000 гола во првенството?

Иако теоретски се уште не е математички потврдено, сепак повеќе од сигурно е дека во следните 4 кола Вардар ќе освои барем 1 бод и ќе ја врати титулата во своите витрини. Сезонава е една од најинтересните, бидејќи до последно коло ќе се борат две екипи, Охрид и Еурофарм Пелистер за вицешампионската титула. Македонија има домашна лига кој е повеќе од сигурно најсилна во регионот.

Интересен е фактот дека три екипи се блиску до границата од 1.000 постигнати гола во првенството сезонава. Лидерот на табелата, „црвено-црните“ имаат 927 постигнат гол (28 натпревари одиграни; Еурофарм Пелистер има 979 гола (28 меча), а “сино-белите“ од Автокоманда постигнале 971 гол (29 меча).

Најголеми шанси да први што ќе ја минат границата од 1.000 гола се токму битолчани. Тие играа утревечер во Скопје кај Вардар, и на „пелистерци“ им требаат 21 гол за да додат до границата од 1.000 гола.
Дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра утревечер во Скопје во 19 часот.

Најмногу голови на еден меч има постигнато на мечот во Битола, каде Еурофарм Пелистер со 47-27 го победи Радовиш, и во Автокоманда, каде домашните со 47-21 го победија Прилеп.

 

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________