Ракометарите на Вардар славеа со 27-24 во реванш четвртфиналната средба од Лигата на Европа против францускиот Монпелје.
Тренерот на вардарци, Иван Чупиќ, кратко го анализираше двомечот и вели дека може да се извлечат поуки од двете средби.
„По двата натпревари тие се подобри од нас. Ништо нема да дополнам за ситуацијата. На вториот меч бевме навистина добри – се боревме, верувавме до крај. Респект за Монпелје, како колектив. Знаев дека ќе биде тешко, се боревме до крај. Не сакам да кажам ништо лошо за моите играчи – тие дадоа сè од себе. Нешто секако научивме. Им благодарам на нашите играчи. Среќни сме што како клуб повторно сме во Европа, меѓу најдобрите“, изјави Чупиќ.
Голманот Милош Валах имаше 18 одбрани на оваа средба со висок процент на успешност – 47%.
„Можеме да кажеме дека беа подобри од нас. Моравме да одиграме перфектен меч. Можеби не беше нашиот перфектен ден. Нашите навивачи заслужуваат честитки“, изјави Валах.
За Вардар нема одмор, веќе в четврток го играат натпреварот од домашното првенство против Еурофарм Пелистер.
Вардар победи во Скопје – но Монпелје ќе игра на Ф4 во Хамбург
























