Охрид го дозна „возниот ред“ за финалињата – еве каде ќе се додели трофејот!

Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена се одржа ждрепката за домаќинствата на финалните натпревари од ЕХФ Европскиот Куп.

Македонскиот претставник Охрид на првиот меч гостува каj Татабања на 23/24 маj, додека реваншот ќе се одигра на теренот на Охрид на 30/31 маj, па трофејот ќе се додели во Македонија.

Охрид досега го оствари најголемиот клупски успех со пласманот во финалето и во битката за трофеј во ЕХФ Европскиот Куп.

Екипата на Борис Ројевиќ досега ги елиминираше азербејџанскиот Баку, босанската Слога Добој, чешката Дукла Прага, грчкиот Олимпијакос и словенечкиот Целје.