Само два дена по полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп и мечот со Целје, Охрид ќе се врати на домашните обврски.
Избраниците на Борис Ројевиќ ќе му гостуваат на „сино-белиот“ тим на Кирил Лазаров, а во досегашните сезонски средби два пати ремизираа, а еднаш славеше Охрид.
Средниот бек Тилен Стрмљан очекува тежок натпревар во Автокоманда.
„Повторно нè очекува еден тежок натпревар против екипата од Автокоманда. Имаме напорен ритам на натпревари, така што прво мораме да се регенерираме, па во вторник да покажеме срце на терен. Натпреварот ќе биде интересен, затоа ги повикувам нашите навивачи да ни се придружат и да ни пружат поддршка која сигурно ќе ни биде потребна“, изјави Стрмљан.
Иако првично најавен за среда, сепак домаќинот го закажа за во вторник од 18:00 часот, сметајќи дека уморот на охриѓани ќе им ја олесни задачата да стигнат до први бодови во четвртата сезонска меѓусебна пресметка.
























