Лазаревски: Сигурен сум дека ќе играме подобро

Никој не се надеваше дека Вардар ќе с еврати со двоцифрена негатива од гостувањето во Франција, 23-33 од првиот четвртфинален меч од Лига Европа. Сега во реваншот ќе биде тешко да се стигне таа разлика, но, не и невозможна.

Пивотменот Милан Лазаревски смета дека и тие не се надевале на такох исход, нодека во реваншот сигурно ќе бидат подобри.

„Исклучително важен меч имаме. Исходот е таков, не се надевавме на тоа. Што е тука е. Продолжуваме да веруваме. Иако не бевме комплетни, тренерот секогаш ни кажува дека е потребно да имаме само 6 играчи за да победиме. Сигурне сум дека ќе се покажеме во подобро светло отколку во Франција, вели Лазаревски.

Средбата меѓу Вардар и Монпелје е закажана за утревечер, вторник во 20,45 часот во СЦ „Јане Сандански“