Божиновски и Начевски ќе судат на Светско првенство!

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за Светското младинско првенство во женска кадетска конкуренција.

Овој Мундијал ќе се игра во Романија, а иако нашиот национален тим нема да игра, сепак Македонија ќе има свои претставници.

Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе ја делат правдата на овие натпревари заедно со уште 21 двојка од целиот свет, а ова делегирање е доказ за нивниот квалитет на меѓународна сцена.

СП за кадетки е на програмата од 29 јули до 9 август во четири романски градови – Питешти, Крајова, Валчеа и Миовени.