По 19 порази по ред од стартот на сезоната, екипата на Шампион го освои првиот бод во Првата женска лига.
Шампион успеа да одигра 17-17 на гостувањето кај Јехона, која ги доби претходните три меѓусебни средби оваа сезона.
Во првиот дел гостинките водеа со три гола, во второто полувреме домаќинките имаа плус три 13-10, а во финишот и водство од 17-15.
Сепак со головите на Васовска и Трајанова, Шампион израмни на 17-17, а немаше време за Јехона да направи нешто повеќе.
На табелата Јехона е шеста со седум бодови, додека Шампион останува последен, но сега има еден бод.

























