Творецот на успехот на Охрид, српскиот стратег Борис Ројевиќ, по три години одново ќе има шанса да се радува на трофеј во ЕХФ Европскиот Куп.
Со неговиот поранешен тим Војводина, Ројевиќ, во сезоната 2022/23, тој го освои трофејот во ова натпреварување.
Српскиот состав тогаш на патот до финалето ги елиминираше италијанскиот Бриксен, австрискиот Кремс, норвешкиот Арендал, словенечкиот Горење Велење, шведскиот Алингсас…
Во финалето, тимот предводен од Ројевиќ славеше на два пати против норвешкиот Нербо и го освои трофејот. Искуството на српскиот стратег на вакви мечеви сигурно ќе биде од голема корист за охриѓани во пресрет на финалето.
Сега Охрид и Ројевиќ во финалето ќе имаат голем предизвик – унгарската Татабања, а во вторник ќе биде познато кој ќе биде домаќин на првиот меч, а каде ќе се игра реваншот.

























