Шампионот реди победи – направи уште еден чекор кон одбрана на титулата

Ракометарките на Ѓорче Петров прославија нова победа во Супер женската лига и направија уште еден чекор кон одбрана на титулата.

Избраничките на Александар Царчев го победија составот на Пелистер со убедливи 34-10, откако и на паузата беше 17-5.

Второто полувреме беше само формално одработување на задачата и немаше никакви проблеми за домаќинките до бодовите.

На табелата, Ѓорче Петров сега има 43 бодови, пред Чаир кој има 40 на втората позиција на табелата, додека битолчанки остануваат последни со шест бода.