Екипата на Охрид е шестата македонска екипа што ќе игра во финале на некој од европските купови!
По Кометал Ѓорче Петров и Вардар кај дамите, како и Еурофарм Пелистер, тимот од Автокоманда и Вардар кај мажите, охриѓани се запишаа меѓу ретките со вакво достигнување во македонскиот ракомет.
Охрид на патот до финалето на ЕХФ Европскиот Куп ги исфрли азербејџанскиот Баку, босанската Слога Добој, чешката Дукла Прага, грчкиот Олимпијакос и словенечкиот Целје.
Најдраматично беше на последниот меч против Целје, кој мораше да биде решен по пенал-рулетот, но на крајот Охрид славеше со 29-27.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























