Тимот на Кретеј, каде што игра македонскиот интернационалец Михајло Младеновиќ, запиша победа во Втората лига на Франција.
Кретеј славеше на гостински терен кај составот на Анже со 34-29, а левиот бек од Србија кој кариерата ја градеше во Македонија беше меѓу најдобрите поединци.
Некогашниот играч на Металург, Охрид и „сино-белите“ од Автокоманда, успеа да погоди четири пати од шест обиди, имаше еден блок, една освоена топка и две асистенции за 33 минути игра пред да добие црвен картон поради три исклучувања.
Кретеј сега има 26 бодови на осмото место на табелата и тимот на Младеновиќ на коло до крајот го обезбеди разигрувањето за пласман во елитната конкуренција.

























