Стаменков и Димитров комбинираа 16 гола, Овче Поле лесно се справи со Преспа

Ракометарите на Овче Поле славеа против Преспа со 31-20 во натпреварот од 24 коло во прволигашката конкуренција.

Tимот од Свети Николе по првиот дел водеше со 15-9, а таквата предност беше дуплирана во второто полувреме.

Кристијан Стаменков и Александар Димитров со по осум погодоци беа најдобри стрелци во победничкиот тим, а седум гола даде Стојанче Ристов.

За составот на Преспа, Драган Ивановски беше стрелец на шест гола, а уште пет додаде Христијан Ристевски.