Барселона дома се враќа со предност од два гола од првиот четвртфинален меч од ЕХФ лигата на шампионите, откако со 32-30 триумфираше кај Нант.
За Каталонците ова беше меч во кој имаа доминација од почеток до крај, со исклучок на неколку минути во второто полувреме. Тогаш му дозволија на домаќинот да израмни и да поведе. А потоа се си дојде на место.
Нант доживеа прв пораз во 2026 година, прекинувајќи ја серијата што траеше од почетокот на декември 2025 година. На последниот Ф4 турнир лани, во меч за трето место Нанат ја победи Барселона со 30-25, но сега изгледа само Барселона ќе размислува за Келн.
Се обидуваа Французите да најдат игра со која ќе му се спротистават на повеќекратниот европски шампион и неприкосновениот „ракометен газда“ во Шпанија. Но, немаа решение, немаа игра, немаа шанса да бидат конкурентни.
Реваншот е на 6 мај во Барселона, но според прикажаното тешко дека Нант ќе може да се надева на пласман меѓу најдобрите четири екипи во ЛШ. Одризола со 6 гола, и Ривера и Турна со по 5 гола беа премалку за да може да одговорат на расположениот Гомез кој имаше 9 гола, а Макуц и Фраде постигна апо 4 гола.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























