Во Монпелје се вниманителни – во Скопје не чека жешка атмосфера, но сакаме такви предизвици!

Вардар загуби од Монпелје со 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа.

Сепак и покрај високиот триумф, тренерот Ерик Мате е внимателен пред гостувањето во Скопје.

„Во одбраната бевме на високо ниво, ги изморивме со текот на времето и потоа направивме разлика. Имаше и моменти на нетрпеливост, желба да одиграме премногу добро, па разликата можеше да биде и поголема. Ова е само прво полувреме од двомечот. Не сме навикнати многу на ваков формат, а гостувањата во реваншите секогаш се специфични. Сакавме да направиме што поголема разлика и да ја избришеме фрустрацијата од мечот со Екс. Таму ќе не чека жешка атмосфера, но токму такви предизвици ги сакаме“, изјави тренерот на Монпелје.

Капитенот Валентан Порт, знае каква атмосфера ги очекува во Скопје на реваншот.

„Имам играно во различни атмосфери против Вардар – и пред полни трибини, но и во потешки периоди. Сега очекувам распродадена сала и жешка атмосфера. Нашата цел беше да направиме што поголема разлика, но искуството со Кил ни покажува дека ништо не е готово додека не заврши натпреварот. Десет голови се добра предност, но знаеме што не очекува“, изјави Порт.

Реванш натпреварот меѓу Монпелје и Вардар ќе се игра на 5 мај во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________