Вардар со ослабен состав загуби убедливо на гостувањето кај францускиот Монпелје со 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа.
Тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ, вели дека резултатот е реален и одраз на лошото второ полувреме.
„Честитки за Монпелје. Беа одлични во одбраната и многу агресивни. Во првото полувреме игравме добро и се обидовме да ја запреме нивната транзиција. Бевме дисциплинирани. Но во второто полувреме направивме премногу грешки и беше многу тешко да се носиме со нив. Резултатот е реален“, изјави Чупиќ.
Реванш натпреварот меѓу Вардар и Монпелје ќе се одигра следниот вторник во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























