Вардар и Монпелје денеска ќе го одиграат првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на Европа.
Се работи за дуел меѓу два поранешни освојувачи на Лигата на шампиони, Вардар славеше во 2017 и 2019, додека францускиот тим беше најдобар во 2003 и 2018 година.
Одличната главна фаза, во која врза три победи по ред му овозможи на Вардар да го освои првото место во групата 3 и директно да се пласира во четвртфиналето.
Македонскиот тим има само два порази на десет натпревари во Лигата на Европа, по еден во секоја фаза, при што поразот во прелиминарната рунда беше минимален, со еден гол разлика, од Кристијанштад.
Како третопласиран во групата 1, Монпелје до четвртфиналето стигна преку најубедливата победа во плеј-офот, совладувајќи го Елверум со вкупен резултат 67:59 (36:24 и 35:31).
Во групната фаза, играјќи против уште два полуфиналисти од сезоната 2024/25, Монпелје не успеа да го победи Кил, но оствари една победа над Фленсбург, единствените порази оваа сезона им беа токму од овие германски гиганти.
Додека Монпелје играше на завршницата во Лигата на Европа во минатата сезона и во 2022/23, Вардар нема настапено во европско четвртфинале од сезоната 2018/19, кога ја освои својата втора титула во Лигата на шампиони.
Покрај дуелот меѓу Монпелје и Вардар денеска ќе се одиграат уште две средби од Лигата на Европа – Мелсунген ќе го пречека Порто, додека Кил гостува кај Нексе.
На домашна сцена се игра последниот натпревар од 6 коло во суперлигашкиот плеј-оф меѓу Охрид и Бутел Скопје.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
18:45 НЕКСЕ – КИЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЕЛЈЕ – ВАРДАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МЕЛСУНГЕН – ПОРТО (ЛИГА НА ЕВРОПА)
























