Ракометарките на Спартак го добија последниот дуел од 22 коло во Супер женската лига против Астибо со 35-33.
Со овие бодови Спартак се искачи на петтото место со 14 бодови и ќе има шанси до крајот на сезоната да се избори и за место во Европа.
Домаќинките поведоа со 7-2, на паузата имаа и плус десет, 22-12, но во финишот се опуштија па штипјанки го направија поразот поднослив.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Анастасија Николовска со девет и Зорица Андовска со осум погодоци.
Во составот на Астибо се истакнаа Мауде Ксавиер со 13 голови и Марија Анчева со 11.

























