Тимот на Охрид го очекува реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против словенечкиот Целје.
Билетите за овој натпревар се веќе распродадени и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место.
Повеќе од 3.000 навивачи ќе им дадат ветар во грб на избраниците на Борис Ројевиќ да ја надминат негативата од првиот меч.
Во Словенија, Целје победи со 27-26, а реваншот е закажан за 2 мај со почеток од 18:00 часот.
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
























