Македонскиот тренер Владимир Глигоров „жнее“ трофеи во Косово откако со екипата на Кастриоти го освои Купот на Косово, третпат по ред. И лани Глигоров беше на клупата кога тимот победи во Купот на Косово.
Поранешниот селектор на женската репрезентација на Македонија, и тренер во повеќе екипи во Македонија, но и во странство откако пристигна во Кастриоти есента во 2024 година го препороди тимот.
Во финалето Кастриоти со 28-27 го победи тимот на Беса. Победничкиот гол за Кастриоти го постигна Албан Хазири на 6 секунди до крај, откако претходно голманот Ваби Чеби одбрани топка од Беса.
Финалето беше пресметка на два тренери познати на македонската јавност. На клупата на Кастриоти беше Владимир Глигоров, а на спротивната страна беше Реваз Чантурија, кој долги години играше во Македонија. Во тимот на Беса настапуваат и Стефан Талевски и Бобан Каковски.

Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.

























