Еџе Сејадин сама ја победи Јехона – даде повеќе голови од цел противнички тим!

Ракометарките на Стружанка славеа со 48-17 над Јехона во натпревар од 22 коло во Првата женска лига.

Овој дуел го одбележа талентираната Еџе Сејадин, која успеа да постигне дури 20 погодоци во мрежата на противничкиот тим.

На полувремето домаќинките водеа со 24-5, а вториот дел беше само формално одработување на задачата.

Покрај Сејадин, во победничката екипа се истакнаа Марија Маркоска со 11 гола и Вања Маџоска со девет, а пет погодоци за Јехона даде Алтина Хасани.

 

▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.