Преспа издржа едно полувреме, „лавовите“ ги собраа бодовите од Ресен

Тимот на Македонија Ѓорче Петров славеше на гостински терен кај Преспа со 33-26, со одлично второ полувреме.

Избраниците на Оливер Димитриоски поведоа со 5-1, но упорните домаќини се вратија во егал 9-9. Сепак на паузата „лавовите“ заминаа со предност од два гола, 14-12.

За три минути игра во второто полувреме гостите отидоа на плус пет, 18-13 и веќе немаше дилеми околу победникот на овој дуел.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Панче Ристевски со седум и Бобан Петров со шест гола, а кај Преспа се истакнаа Христијан Ристевски со седум и Благоја  Јончевски со шест погодоци.

Македонија Ѓорче Петров е петта на табелата со 29 бода, додека Преспа се наоѓа на 11 позиција со десет бода.