Голманот Давид Брестовац и Петар Атанасијевиќ беа „двоцифрени“ во триумфот на Еурофарм Пелистер против Тиквеш, 44-23, а в.д. тренерот Алексо Лембанов им даде шанса на „помладите“ и оние кои што немаа голема минутажа.
Немаше неизвеснот, па сите чекаа што побрзо да заврши средбата. Битолчани водеа со 11-3 во 13. минута кога решија се. Во дресот на домаќините ги немаше Манасков, Кузмановски, Хеидарирад, Хосни… но и со таков состав битолчани беа пресилни и ја наполнија мрежата на гостите.
На четири кола до крај на плеј-офот Еурофарм Пелистер има 46 бода, два помалку од Охрид, но битолчани имаат и меч повеќе. Решавачки ќе бидат следните две кола, во кои битолчани треба да гостуваат во Скопје и во Охрид, по што ќе се знае каков ќе биде исходот на табелата.
Брестовац средбата ја заврши со 14 одбрани од што и еден седмерец, а Атанасијевиќ имаше 8 контри во своите 11 гола. Малку промашуваа домашните, само десетпати – упатија 55 шутеви на голот, од што 44 завршија во мрежата.
Кај гостите Тмче Стојанвски имаше седум гола, а Јовевски и Мијушковиќ по петпати погодија.

























