ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Охрид без Борозан и Петриќ, Целје без Маргуч

Ракометарите на Охрид денеска ќе го играат првиот полуфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против некогашниот европски првак Целје.

Во „Арена Златорог“, која ќе биде исполнета до последното место, избраниците на Борис Ројевиќ ќе се обидат да ја продолжат победничката серија на меѓународна сцена, каде се единствена екипа покрај Кил, која нема пораз досега.

Охриѓани се соочуваат со големи проблеми со повредени играчи, но и оние што ќе му бидат на располагање на тренерот Ројевиќ, сигурно ќе го дадат максимумот за позитивен резултат пред реваншот идната сабота.

Во составот на Охрид не се повредените Вуко Борозан и Стефан Петриќ, а и Целје ќе биде без Маи Маргуч, кој беше опериран.

„Гладијаторите“ и досега испишаа историја со пласманот во ТОП 4, но кога веќе се на дофат до финалето, сигурно ќе бараат место во битката за трофејот. Натпреварот меѓу Целје и Охрид се игра вечерва од 18:00 часот во „Арена Златорог“.