Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 21. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 21. коло има по една ракометарка од Вардар, Ѓорче Петров и Куманово.
За ѕвезда на колото може да гласате до вторник до 12:00 часот.
Супер женска лига, 21. коло, резултати:
КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР 27-24
СПАРТАК – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 19-37
ВАРДАР – АСТИБО 37-36
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ЧАИР 0-10 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 21. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Андреа Илиќ (Вардар) – Голманката на Вардар запиша 17 одбрани во драматичниот натпревар со штипски Астибо.
Стефанија Ѓорѓиевска (Ѓорче Петров) – Крилото на шампионот имаше одлична партија против Спартак.
Ангела Шехтанска (Куманово) – Поранешната младинска репрезентативка беше меѓу лидерите во триумфот над Пелистер.

























