Тимот на Бањол, каде што брани македонскиот голман Даниел Дупјачанец, прослави значајна победа во Франција.
Бањол предводен од искусниот Дупјчанаец славеше против лидерот во групата 6 од третолигашката конкуренција, Кроруаз, со 33-28.
42-Годишниот македонски чувар на мрежата го „маѓепса“ голот и запиша 17 интервенции на овој натпревар.
Екс голманот на ТК Бренд, Металург, Пулави, Кадетен…брани во одлична форма во Франција за тимот на Бањол, кој е трет на табелата во групата 6 со 44 бода, зад Марсеј со 46 и Кроруаз со 51 бод.

























