Ретро дресови, легенди од првите генерации на вардарци (Видео)

Како дел од прославата на 65 години пред дуелот од 6. коло на плејоф средбата против локалниот ривал од Автокоманда, на терен заедно со играчите во ретро дресови се појавија и дел од легендите од првите генерации на Вардар, пред 2000 година и од самите почетоци.

Со громогласен и долг аплауз беа поздравени дел од оние кои низ овие 65 години достоинствено ги бранелe боите на РК Вардар.

На теренот заедно со играчите излегоа:  Миодраг Мицковиќ, Владимир Шахов, Александар Књазев, Зоран Петковски, Александра Царчев, Стојан Петрушевски, Кирил Атанасовски, Тони Николовски, Емил Стојановски, Љубомир Илиевски, Сречко Горгиевски, Зоран Гиевски, Аце Станковски.

Вардар е лидер на табелата и пред промоција во нов шампион, и обединувач на двојната титула.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24 Rakomet (@24rakomet)