Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за четвртфиналето од Лигата на Европа.
Вардар ќе се соочи со францускиот Монпелје, а ЕХФ делегираше судии од Естонија за мечот во Франција, а Унгарци за дуелот во Македонија.
Првиот меч се игра во Монпелје на 28 април од 20:45 часот, а тој дуел ќе го судат Алвар Тинт и Марион Кул, додека делегат е Штефан Вицум од Швајцарија.
Реваншот е на програмата на 5 мај од 20:45 часот, ќе го судат Унгарците Адам Биро и Оливер Киш, додека делегатка ќе биде Србинката Бранка Мариќ.


























