Металари и Николовски ќе го судат најголемото дерби на четвртфиналето од Лигата на Европа!

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од четвртфиналето во Лигата на Европа.

Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат реваншот меѓу германските екипи Хановер и Фленсбург.

Овој двомеч ќе привлече најмногу внимание меѓу четвртфиналните дуели во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Натпреварот меѓу Хановер и Фленсбург ќе се игра на 5 мај од 18:45 часот во „Свис Лајф Арена“ во Хановер.