Вардар сериозно гази по патеката за враќање во европскот врв, а тоа го препознаваат и многу нови спонзори. Меѓу новите клубски пријатели е Казино Аустрија Интернешенал. Тие најмалку една сезона ќе бидат „ветер во грб“ на макеоднскиот тим кој е пред промоција на освојувач на двојната круна
„Ние и во минатото не ги делевме спонзорите на мали и големи. Нема разлика меѓу нив, сите се важни. Но, кога ќе добиете најголем спонзор во историјата на Вардар и на македонскиот ракомет, тогаш навистина сум горд и почестен. Ова не е договор од денеска за утре, туку соработка за која се надевам дека ќе трае и во иднина. Најголем предизвик е РК Вардар, да се биде спонзор на Вардар. За тоа сум им многу благодарен. Ова ќе биде голем ветер во грб за да се обидеме да се вратиме на патеките каде што припаѓаме, изјави Михајло Михајловски.
Претседателот на Вардар потврди дека во клубот немаат илузии дека веднаш може да ги повторат 2017 и 2019 година, но одат чекор по чекор, да го постигнеме максимумот што може
„Имаме слух и знаење да бираме играчи кои сакаат да се докажуваат, а не да дојдат само да земаат пари. Тоа е наша врлина. Сепак, не можеме без нашите спонзори, особено ако зад нас не стои Казино Аустрија, изјави Михајловски.
Директорот на Казинос Аустрија ги повика и другите спонзори да го следатнивнио тпример, бидејќи не еважно со колкави средства туку дека треба да се поддржи Вардар.
„Горди сме што како компанија стануваме дел од семејството на РК Вардар. Тоа е клуб со традиција, страст и шампионски дух. Не треба многу да зборуваме – Вардар е Македонија, нешто што се знае и надвор од границите на државата. Тука сме да дадеме малку ветер во грб на раководството, клубот да се врати на старите патишта, кон самиот врв во ракометот. Се надеваме дека ќе помогнеме, и тоа во континуитет, со години, и заедно со другите спонзори кои се вклучија, Вардар да се врати таму каде што припаѓа, изјави Аднан Шариќ, директорот на Казинос Аустриа Интернешенал.
























