Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп.
На првиот меч што ќе се игра во Словенија, ЕХФ ги делегираше босанските арбитри Јовиќ и Арнаутовиќ, додека делегат ќе биде Беќири од Косово.
На втората пресметка во Охрид, по која ќе биде познат патникот во финалето, судии ќе бидат Полјаците Фабрични и Равицки, а делегат Хрватот Касуниќ.
Првиот меч е закажан за 25 април во „Арена Златорог“ од 18:00 часот, а реваншот е на 2 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток од 19:00 часот.

























