Шампионот го задржа голманот – Митревски потпиша нов договор со Еурофарм Пелистер!

Откако беа продолжени соработките со Жарко Пешевски, Ник Хенигман и уште неколку од ракометарите, шампионот Еурофарм Пелистер објави дека е постигнат нов договор со Никола Митревски.

Искусниот чувар на мрежата стави потпис на договор на уште една сезона, со можност да биде продолжен за уште една сезона.

„Некои вредности се поважни од секоја победа и секоја титула. Затоа нашата одлука е недвосмиолена – да ги задржиме тие вредности во клубот. Ни претставува задоволство што најдобриот македонски голман и во иднина ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Никола Митревски се обврза на нов договор за сезоната 2026/27 со својот матичен клуб, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.
Митревски е роден победник, дете на клубот, човек кој се изгради и како личност и како професионален со преку две децении врвен ракомет. Освојуваше титули каде и да настапуваше, но задоволството е уште поголемо кога заеднички се радуваме на трофеи во Битола. Така ќе биде и во иднина.
Митревски е столб на репрезентацијата, а таа била и секогаш ќе биде составувана од најдоброто од Еурофарм Пелистер. Пред да се врати во нашиот клуб Митревски настапуваше и за Вардар, Металург, Констанца, Бенфика и Порто“, објави битолскиот клуб.