Двајца македонски интернационалци ќе бидат во игра за трофејот на Купот на Кралот во Шпанија оваа сезона.
Мартин Карапалевски и неговиот Ваљадолид славеа на гостински терен кај Барселона 2 со 32-29, а македонскиот среден бек даде еден погодок.
Покрај Ваљадолид, на завршниот турнир се пласираа уште пет екипи – Нава, Бидасоа Ирун, Уеска, Торелавега и Ла Риоха.
Од претходно меѓу осумте екипи што ќе се борат за трофејот на Ф8 од 5 до 7 јуни се бранителот Барселона и домаќинот Аликанте, каде што игра Македонецот Дарко Димитриевски.
























