По финалето во Купот на Македонија, ракометарките на Ѓорче Петров и Спартак одиграа вторпат по ред, овојпат во Супер женската лига.
Во заостанатиот меч од 21 коло, „лавиците“ славеа против Спартак со 37-19, во меч во кој формално беа гостинки и се одигра во салата „Христо Батанџиев“.
Избраничките на Александар Царчев уште на полувремето ја најавија победата и водеа со 17-10, а во вториот дел комплетно доминираа на теренот.
Најдобри стрелци беа Стефанија Ѓорѓиевска со девет гола, како и Ана Вранчиќ и Мила Ѓорѓиевска со по пет погодоци, додека кај Спартак, Надица Максимовска стрелаше пет пати.
Сега Ѓорче Петров е на врвот со 39 бода, додека втор е Чаир со 36.
























