Блажески: Како и секогаш, така и сега – ќе оставиме срце на терен во Целје

Македонскиот полуфиналист во ЕХФ Европскиот Куп, екипата на Охрид, ја очекува првата пресметка со словенечкиот Целје за место во финалето.

Чуварот на мрежата на охриѓани, Бојан Блажески, ги сподели очекувањата од гостувањето кај некогашниот европски првак.

„Ни следи полуфиналето со екипата на Целје. Одлична , експлозивна и млада екипа. Немаме многу време да се подготвуваме поради обврските во домашното првенство па затоа оваа недела ќе го анализираме противникот. Ние како и секогаш ќе оставиме срце на терен и ќе се обидеме од Словенија да се вратиме со што подобар резултат пред вториот натпревар“, изјави Блажески.

Натпреварот меѓу Целје и Охрид се игра в сабота со почеток во 18:00 часот во „Златорог Арена“.