Во продажба билети по популарни цени – гледајте го историскиот меч на Охрид!

Тимот на Охрид ги пушти во продажба билетите за полуфиналето од ЕХФ Европскиот Куп против словенечкиот Целје.

Билетите за натпреварот на кој Охрид може да испише нова историја и да обезбеди финале се продаваат по популарни цени.

Во зависност од местото на седење во салата „Билјанини Извори“ тие ќе чинат по 200 денари или 300 денари, а може да ги купите ТУКА.

Овој меч е закажан за 2 мај од 19:00 часот, а претходно на 25 април е пресметката на гостински терен од 19:00 часот во „Арена Златорог“.