Непријатен инцидент го одбележа настапот на Магдебург на завршниот турнир од Купoт на Германија во Келн, откако на двајца ракометари им биле украдени лични работи од соблекувалната.
Станува збор за шведските интернационалци Феликс Клар и Албин Лагергрен, кои во моментот на инцидентот биле на допинг-контрола, додека остатокот од тимот веќе ја напуштил салата.
Според информациите, соблекувалната на Магдебург во тој момент била отклучена, иако пристапот до неа требало да биде строго ограничен.
Од клубот подоцна се обратиле до полицијата во Келн, која препорачала пријавата да се поднесе онлајн. Иако од раководството не сакаа да прават поголема драма, не го криеја разочарувањето од случувањата.
„Не сакаме да правиме голема приказна од ова, но инцидентот целосно се вклопува во тоа каков викенд имавме“, изјави директорот на Магдебург.
Инаку, Магдебург претходно беше поразен во полуфиналето, а потоа го загуби и натпреварот за третото место од Лемго со 35-31.























