Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е македонскиот стратег Раде Стојановиќ, е на чекор до финалната плеј-оф серија за пласман во словенечката елита.
Ајдовшчина, каде меѓу лидерите е македонскиот десен бек Михаил Иваноски, славеше во првиот полуфинален меч од плеј-офот кај Кршко со 34-33.
Иваноски, кој игра во одлична форма во Ајдовшчина, беше најдобар стрелец во победата и погоди девет пати од 11 обиди.
Реваншот е на програмата претстојниот викенд, а Ајдовшчина е на чекор до плеј-оф финале, каде ќе се сретне најверојатно со Копер кој извади реми, 26-26 кај Мокерц во првиот меч.
























